Лос Анџелес, 25. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Оскарите за 2017-та година ќе бидат презентирани утре од Џими Кимел во „Dolby Theatre “ во Холивуд.
Годинава ќе има многу изненадувања за актерите и поканетите гости на свеченоста по повод доделувањето на престижните награди на Академијата.
Менито за „Оскаровската вечера” го составува тим од готвачи, на чело со познатиот австриски гастроном, Wolfgang Puck. Што се крие во престижната Оскар торба која можат да ја добијат само 26 одбрани среќници?
Номинираните кои присуствуваат на доделувањето на Оскарите добиваат и една торба со подароци, која неофицијално ја нарекуваат торба со која „сите добиваат“. Таа е осмислена од маркетинг компанијата „Distinctive Assets“, а се доделува во изминатите 15 години и на никаков начин не е поврзана со самата Академија на филмски уметности и науки.
Во оваа престижна торба, која им се доделува на само 26 номинирани среќници (водителот, плус номинираните во категориите за најдобар актер и актерка, најдобар спореден актер и актерка и најдобар режисер), се наоѓаат бесплатни излети на ексклузивни места, купони за пластична хирургја и многу дијаманти. Постојат и „поедноставни подароци“, како пресонализирани Крејол боици, јаболка, потници и слично.
Оваа година номинираните ќе добијат седумдневен спа третман во „Golden Door“, три ноќевања во апартман во луксузен хотел во Соренто, три ноќевања во хотелот „Grand Tremezzo“ на езерото Комо и приватно тридневно користење на вила на ранчот Lost Coast Ranch во северна Калифорнија. Освен патувања, номинираните ќе добијат и био јаболка, перници и десетгодишно снабдување со козметички производи од компанијата „Oxygenetix“.
Ова се дел од номинациите за Оскари 2017-та:
Најдобар филм
„Arrival“
„Fences“
„Hacksaw Ridge“
„Hell or High Water“
„Hidden Figures“
„La La Land“
„Lion“
„Manchester By the Sea“
„Moonlight“
Најдобар актер:
Кејси Афлек (Manchester by the Sea)
Ендру Гарфилд (Hacksaw Ridge)
Рајан Гослинг (La La Land)
Виго Мортенсен (Captain Fantastic)
Дензел Вашингтон (Fences)
Најдобра актерка:
Изабел Ипер (Elle)
Рут Нега (Loving)
Ема Стоун (La La Land)
Натали Портман (Jackie)
Мерил Стрип (Florence Foster Jenkins)
Најдобар режисер:
„Arrival“ — Дени Вилнев
„Hacksaw Ridge“ — Мел Гибсон
„La La Land“ — Дејмиен Чазел
„Manchester by the Sea“ — Кенет Лонерган
„Moonlight“ — Бери Џенкинс
Најдобро оригинално сценарио:
„Hell or High Water“ (Тејлор Шеридан)
„La La Land“ (Дејмиен Чазел)
„The Lobster“ (Јоргос Лантимос)
„Manchester by the Sea“ (Кенет Лонерган)
„20th Century Women“ (Мајк Мајлс)
Најдобро адаптирано сценарио:
„Arrival“ (Ерик Хајзерер)
„Fences“ (Огуст Вилсон)
„Hidden Figures“ (Алисон Шредер)
„Lion“ (Лука Дејвис)
„Moonlight“ (Бери Џенкинс)
Најдобар странски филм:
„Land of Mine“, Данска
„A Man Called Ove“, Шведска
„The Salesman“, Иран
„Tanna“, Австралија
„Toni Erdmann“, Германија
Најдобра песна:
„Audition“ (La La Land)
„Can’t Stop the Feeling!“ (Trolls)
„City of Stars“ (La La Land)
„The Empty Chair“ (Jim: The James Foley Story)
„How Far I’ll Go“ (Moana) (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива