Охрид, 4. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод 143 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Тодор Александров, ОУ „Живко Чинго“ и Сојуз за училишен спорт од Охрид организираа спортски ден за учениците во основните училишта во Општина Охрид.
– Мене ми припадна честа да ги доделам наградите за најуспешните од денешниот спортски ден. Натпревари се одржаа во дисциплина фудбал, баскет, шах и пинг понг. Уште еднаш им честитам на сите учесници и организаторите и ветувам дека Општина Охрид постојано ќе им биде поддршка и ветар во грб во организацијата на вакви манифестации, порача градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26