Охрид, 22. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во селото Требеништа, денес се одржа еколошка акција.
Во акцијата зедоа учество градоначалникот на општина Дебрза Зоран Ногачески, вработените на ЈКП „Дебрца“ со директорот Игор Крцоски, советниците Катерина Пискулоска и Петре Голабоски, учениците од подрачното училиште во село Требеништа при ОУ „Дебрца“, заедно со наставниците и директорката Билјана Славеска, информираат организаторите.
Акцијата за жал наиде на слаб одзив од локалното население, но сепак претставува одличен показател дека состојбите во општина Дебрца се движат во вистинска насока. Ова особено по одлуката на Второстепената владина комисија која го поништи решението според кое локација во атарот на село Годивје беше посочена како место каде би била изградена регионална депонија со постројка за третман на отпадот, а предметот повторно беше вратен на разгледување во ресорното Министерство за животна средина и просторно планирање. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива