Мец, 18. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ракометерите на Словенија и Тунис одиграа нерешено 28-28 во четвртиот натпревар од „Б“ групата, и со ова реми на Македонија и се отворија вратите за пласман во следната осминафинална фаза на СП.
Македонија во дирекетен дуел со Исланд ќе се бори за третото место во групата и за избегнување на првиот од групата „А“ во осминафиналето.
Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20.45 минути ќе го игра својот четврти натпревар на СП против селекцијата на Шпанија. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 17