Охрид, 7. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот.
– Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже.
Денешниот „срамизам“ сведочи за состојбата која ја затекнавме на потегот од Градското пристаниште, па се’ до „Мазија“, каде во езерото можат да се забележат делови од кејот, од бетонските клупи, бехатонски плочки и многу други предмети на кои не им е местото во езерото. Истите се на само метар или два од кејот, а во езерото завршиле или поради временските прилики и неприлики, или поради „делата“ на неодговорни поединци меѓу нас, кои со години ги фрлаат во езерото.
Е па пријатели… Срамизам… (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес