Охрид, 10. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипа на OhridPress утрово направи фото и видео материјал од моменталниот водостој на Охридското Езеро.
Она што е очигледно е дека нивото на водата во Охридското Езеро и натаму се намалува и е далеку под просекот за овој период од годината.
Според последните официјални мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) од петокот, 8-ми ноември 2024 година, водостојот е на кота од 693,14 м.н.в, што е за 15 сантиметри под просечното ниво за овој месец (693,29 м.н.в), 3 сантиметри под природната кота (693,17 м.н.в.) и само 4 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).
Единственото прашање кое се наметнува е – Го заслужува ли ова Охридското Езеро?
извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес