Охрид, 16. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот.
– Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже.
Денешниот „срамизам“ повторно сведочи за искршена клупа. Овој пат авторот на „делото“ сериозно се потрудил, а локацијата е кај пешачката патека.
Е па пријатели… Срамизам… (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 30