Охрид, 4. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Еден млад господин од Охрид имаше посебна кованица и муабет за вакви случаи, која совршено ја опишува оваа состојба на умот.
– Тоа ти е пријателе „срамизам“… Тие се глупираат, тебе ти е незгодно и те фаќа срам, знаеше да каже.
Денешниот „срамизам“ сведочи за падната и оштетена канделабра, односно еден од столбовите на кој е поставено осветлувањето на пешачката патека. Со оглед на габаротот и тежината на истата, некој сериозно се потрудил да го оствари ова „дело“.
Е па пријатели… Срамизам… (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 21