Струга, 20. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 59-годишниот Е.Д. од Република Србија, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „лажно пријавување на кривично дело“.
– На 20-ти минатиот месец, во 10:00 часот, сега пријавениот, во полициската станица во Струга пријави казнено дело „кражба“ на две пластични стакла од предни жмигавци од патничко моторно возило марка „Мерцедес С 220“, што било паркирано на паркинг во близина на Основниот суд во Струга. Тој, на полициските службеници им кажал дека непознати лица, во згодна прилика ги извадиле и бесправно ги одзеле пластичните стакла од жмигавците и веднаш заминале, информираат од СВР Охрид.
Од преземените натамошни мерки, полициските службеници од Полициската станица во Струга утврдиле дека воопшто не е случена таква кражба односно дека пријавениот Е.Д. лажно пријавил такво дело на негова штета. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива