Охрид, 4. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Мерките кои ги утврди и презема Владата за заштитата на Охридското Езеро и на охридскиот регион, преку стопирањето големи градежни работи, легализации исклучиво според закон, за новиот урбанистички план за Охрид и планираниот нов закон за Охридското Езеро беа дел од темите за кои разговараше пермиерот Зоран Заев со постојаната координаторка на ОН во земјава, Росана Дуџиак.
Заев ја соопшти определеноста да продолжи соработката со ОН, посебно во делот на заштитата на животната средина, преку низата отпочнати проекти во земјава.
Изразена е подготвеност од страна на ОН за дополнителна поддршка на Владата во планот за заштита на Охридското Езеро, со оглед дека ОН веќе помагаат на намалувањето на загадувањето, кое што доаѓа од наносите од реката Сатеска во езерото, преку постојан мониторинг на најважните видови и живеалишта во Националниот Парк „Галичица“. (Крај)
извор: Влада фото: Влада