Охрид, 12. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Утре од 12:55 часот во Прличевата одаја во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Организацијата на жени од Битола ќе се одржи кафе дружење со проф. д-р Методи Чепреганов на тема: „Стресот денес“.
Д-р Методи Чепреганов е специјалист по невропсихијатрија и епилептологија, човек со големо професионално искуство кое на различни начини им го предава на луѓето.
Низ сите векови и во сите цивилизации од постоењето на светот, бројни мислители и филозофи го актуелизирале прашањето на моќта на човековиот деструктивен нагон, поточно на човековата агресија, во секојдневните интерперсонални односи, но и надвор од нив, но, за жал дефинитивен одговор до денес не постои. Агресијата, како интерконтакт и однос помеѓу нас била и останува понатаму актуелна.
Отворено е прашањето: колку, на кој начин и со каков интензитет, емотивните меѓусебни контакти во меѓучовечките односи имаат влијание врз нашиот афективен живот, врз расположение, блискост и меѓусебно разбирање,почитување, толеранција и флексибилност?
Ова ќе се темите за дискусија во Охрид со поканетите стручни лица и граѓани. Местата се ограничени, а влезот е беспалтен. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива