март 3, 2015

Охрид, 3.март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во Средното угостителско туристичко училиште „Ванчо Питошески“ се одржа едукативно предавање посветено на сексуалното и репродуктивното здравје.

Предавањата што се одржаа со поддршка на министерствата за образование и за здравство, се одвиваа за време на класните часови и ги опфатија учениците од сите класови од четирите наставни години. Предавачи беа вработени во Центарот за јавно здравје од Охрид.

Edukativno_predavanje2

На учениците им беше укажано дека во постојан пораст се инфекциите кои се пренесуваат преку сексуален однос, како што се гонореа, сифилис, ХИВ, кламидија, ХПВ и др. Тие беа запознаени со начините на пренесување на заразните болести, но и со превентивната заштита.

На крајот од работилницата на учесниците им беше доделен едукативен материјал.(Крај)

извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука