Охрид, 25. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Група од 20 средношколци и четири професори од најголемата гимназија со 2 300 ученици од градот Каен- Долна Нормандија, се во дводневна посета на Охрид.
Тие беа примени од заменик градоначалникот Константин Георгиевски.
Од една страна учениците од Франција на соучениците македонци им помагаат во изучување на францускиот јазик, а од друга страна француските деца поблиску ја запознаваат македонската култура и историја.
Француските гимназијалци изминативе неколку месеци работеле историска тема која се однесува на загинување на македонски војник во Долна Нормандија и на француски војник во Македонија во периодот на Првата светска војна.
Двата града, Охрид и Каен од 2009 година имаат потпишано протокол за соработка. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид