октомври 29, 2019

Струга, 29. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ученици во СОУ „Нико Нестор“ во Струга нападнале соученик и вработена во училиштето.

Вчера околу 13:00 часот, пријавено е дека во кругот на средното училиште „Нико Нестор“ во Струга, група ученици го нарушиле јавниот ред и мир со физички напад врз соученик и врз С.Г. вработена во школото.

Учесниците се повикани во полициска станица и се преземааат мерки за расветлување на настанот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука