февруари 23, 2015

Охрид/Струга, 23. февруари 2015 (ИНПРЕС) – Во периодот од 20-ти до 22-ри февруари во организација на Меѓународното училиште „НОВА“, а со поддршка на: ЕУ Инфоцентар и Градот Скопје беше организирана шестата национална симулација на Европскиот Парламент, каде учество зедоа и средношколци од Охрид и Струга.

На овој настан учествуваа ученици и професори од дваесет средни училишта од Скопје, Гевгелија, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово, Штип, Тетово, Битола, Охрид и Струга.

Учениците од Охрид и Струга се дел од МЕП клубовите каде што учат за функционирањето на Европската Унија и нејзините институции. МЕП клубовите функционираат како дел од дополнителната настава во секое од овие училишта.

Најдобрите петмина ученици од оваа делегација ќе имаат можност да ја претставуваат Република Македонија на Меѓународната симулација на Европскиот Парламент во Италија во март оваа година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука