Охрид, 8. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Средношколци од Охрид го снимија филмот „Студенчишко блато – белите дробови на Охридското Езеро“, со кој апелираат на заштита на Студенчишкото блато.
– Со ова дело, учениците Ивана Котеска, Ана Мари Коцевска, Стефанија Битолкоска, Матеј Илоски, Марио Јованоски и Кристијан Танески од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ од Охрид, под менторство на Андријана Паскали, го освоија третото место на натпреварот „Образовно рандеву 2023“ кое се одржа во Гостивар на 5-ти мај под организација на Младинската Асоцијација на Средни Стручни Училишта во Македонија (МАССУМ), информираат од училиштето.
Погледнете го филмот на младите автори.
извор: ОхридПрес фото/видео: СОСУ „Св. Кирил и Методиј“
Прочитано: 65