Охрид, 24. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за труд и социјална политика соопши дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 27-ми јануари е неработен ден.
Петок, Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.
Здружението на Српската заедница во Охрид, „Коштана“ брои околу 320 членови кои заеднички го одбележуваат и празнуваат Св Сава. Традиционално и оваа година по 10-ти пат, здружението ќе го одбележи празникот. Ќе се осветува колач и пченица, а вредните домаќинки ќе подготват богата трпеза.
Српската заедница во Република Македонија е здружение на граѓани, регистрирано во 1991 година во Скопје. Целта на ова здружение е зачувување на идентитетот, културата и јазикот на Србите во Македонија и одбележување на значајни датуми од историјата на Србите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива