Охрид, 14. септември 2019 (ОХРИДПРЕС) – По повод Светскиот ден на првa помош, денешен гостин во емисијата Vanco PLAY на Супер радио, во терминот од 11.00 до 13.00 часот гостин беше Мимоза Ставрева, секретар на Црвен крст Охрид.
– Секоја втора сабота во месец септември се одбележува меѓународниот ден на Прва помош,се со цел да се подигне свеста на граѓаните за значењето од спасувањето живот во првите пет минути од случувањето на одредена незгода. Се одржа и крводарителска акција во просториите на Центарот за култура, а мотивацијата за сите крводарители се одвива преку целата година. Имаме посебна програма за унапредување на крводарителството во Република Македонија, каде сето тоа е дефинирано. Меѓутоа, се трудиме преку „Клубот 25“ на млади мотиватори да мотивираме осумнаесетгодишни и повозрасни млади, да им промовираме дека тоа е здравиот начин на живот. Значи крв може да дава само здрав човек, доколку живеаат здраво, се хранат здраво и даруваат крв, значи тие се здрави луѓе, рече Мимоза Ставрева за време на гостувањето во Супер радио.
На платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ и на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, тимовите на парамедици на Црвен крст Охрид денес презентираа знаења и техники за укажување Прва помош при различни повреди. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива