февруари 4, 2017

Охрид/Скопје, 4. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридска банка Сосиете Женерал нуди уникатната понуда „План за стан“ со фиксна и гарантирана каматна стапка до 2030 година.

Минатата година, Охридска банка Сосиете Женерал го претстави овој концеп, кој по својата природа е единствен на пазарот, бидејќи на долг рок гарантира фиксна каматна стапка. Со понудата за станбен кредит „План за стан“ со фиксна каматна стапка до 2030 г., граѓаните со сигурност ја знаат висината на нивната месечна рата на подолг временски период, добиваат транспарентни услови, без дополнителни изненадувања.

Промоцијата нуди фиксна каматна стапка до 2030 година, која изнесува 3,90% за првите три години и 5,95% од четвртата година до 2030 година. Дополнително, клиентите, кои во рамките на промотивниот период до 10 февруари 2017 година ќе аплицираат за опцијата „План за стан со гарантирана фиксна каматна стапка до 2030“, ќе бидат ослободени од банкарските трошоци: административен трошок, трошок за апликација и трошок за проценка на имот.

Уште една потврда за сигурноста што ја обезбедуваат производите на Охридска банка Сосиете Женерал се опциите за вклучено кредитно животно осигурување. Банката им овозможува на клиентите, кои ќе аплицираат за станбениот кредит „План за стан 2030“, да изберат помеѓу двата пакета за животно осигурување, и тоа: основниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,44% годишно од износот на кредитот, или целосниот пакет за кредитно животно осигурување со осигурителна премија од 0,85% годишно од износот на кредитот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука