Охрид, 2. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2016 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.32%.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна додека најмала е стапката во секторот дејности во врска со недвижен имот.
Југозападниот регион е претпоследен на листата на региони во државава по бројот на слободни работни места. Вообичаено во Охрид како туристички град најмногу се бараат лица за работа во туризмот и угостителството, но во последниот период, повеќе се бараат лица за работа во трговијата, транспортот и информатичките услуги. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23