Охрид, 8. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од денес стапуваат во примена одредби од Законот за Академијата за судии и јавни обвинители во врска со пополнување на потребниот број на јавни обвинители.
Одредбите се однесуваат за извршување на надлежноста на судиите и јавни обвинители во согласност со закон, во почетната обука на Академијата.
Од почетокот на месецов, пак, стапи во примена Законот за нотаријатот. Со овој закон се уредуваат организацијата на нотаријатот како јавна служба и неговите органи, постапката за именување и разрешување на нотарите, делокругот на работа и службените дејствија на нотарите, овластувањата на нотарите, составувањето на нотарски исправи, надзорот и дисциплинската одговорност на нотарите, како и други прашања кои се однесуваат на нотаријатот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива