Охрид, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дочекајте ја Стара нова година – Василица во прекрасниот амбиент на хотел „Милениум Палас“ во Охрид.
– Нудиме богато мени за сладокусците – зелен ордевер, лазањи „А Ала Милениум“ и зелник како предјадење, домашни колбаси и пилешки полнет стек со пекарски компир и ориз како главно јадење и торта за десерт за само 850 денари. Добивате и костени и тиква, а вклучен е и пијалокот (наливно вино, ракија, пиво, узо, коњак, пелинковац, газирани и негазирани сокови и газирана и негазирана вода). Дочекајте ја Стара Нова година со добро друштво и одлична забава на вистинското место, порачуваат од хотелот.
За гостите надвор од Охрид се нуди сместување во двокреветни и трокреветни соби по цена од 40 евра по лице со вклучена гала вечера на 13-ти и доручек на 14-ти јануари. За еднокреветна соба се доплаќа 10 евра.
Информации и резервации на телефоните: 046/263-361 и 075/43 22 88 или на маил адресата: [email protected]. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива