март 25, 2018

Струга, 25. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градежен шут, стар мебел, ѓубре од секаков вид… Оваа слика им ја нуди локалната власт во Струга на туристите во пресрет на главната туристичка сезона во Струга.

На потегот веднаш после кружниот тек, по стариот пат кон Охрид, може да се забележи вистинска мала депонија, која претставува лоша слика за стружани, но и за гостите.

strugadeponija2Ако се продолжи вака, локалната депонија која до скоро беше главна топ-еколошка тема во државата, во комбинација со ваквите мини-депонии, навистина ќе направат „како Струга да нема друга“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука