април 8, 2017

Охрид, 7. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во хотелот „Инекс Горица“ денес ќе се одржи ексклузивна работилница за стартап основачи на која ќе се претстави Џон Бигс, уредник на TechCrunch во САД.

Оваа работилница е наменета САМО за основачи на стартапи и има за цел преку практични совети и техники да им помогне на истите, за тоа како да го добијат вниманието на интернационалните медиуми, како стартап кој доаѓа од мал пазар / мала земја. Џон ќе сподели совети, примери и идеи од своето долгогодишно искуство за работи што можете да ги направите за да се подобрат вашите шанси да го добиете вниманието од глобалните медиуми, како начин за добивање пристап до повеќе клиенти, па дури и за инвестиции на меѓународно ниво.

Работилницата ќе се одржи во склоп на овогодинешниот Codefest Tech Festival во Охрид.

Џон Бигс е претприемач, консултант, писател, и творец. Тој има петнаесетгодишно искуство како уредник на Gizmodo, CrunchGear и TechCrunch и има длабока позадина во областа на хардвер стартапи, 3D печатење, и blockchain. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука