Стартуваше вештачкиот мрест на охридска пастрмка, денеска изловени 63 полово зрели единки со 70 илјади зрна икра
јануари 17, 2025

Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Државниот инспекторат за земјоделство денеска го означи почетокот на вештачкиот мрест на охридската пастрмка.

Само денеска се изловени 63 полово зрели единки, од кои се измолзени, оплодени и инкубирани 70 илјади полово зрели зрна икри.

Заловените полово зрели единки ендемичен вид охридска пастрмка по измолзувањето се вратени во Охридското Езеро. Активностите, како што посочуваат од Инспекторатот, се реализирани во соработка со Хидробиолошкиот завод од Охрид, со финансиска поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од ДИЗ информираат дека нивните инспектори и понатаму ќе ги следат и поддржуваат процесите за подобрување на состојбата со рибниот фонд, особено на ендемичните видови каква што е охридската пастрмка. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука