Охрид, 22. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – На програмата на О2 телевизија, вечерва стартува документарниот серијал „Охрид од понапред до денес“, авторско дело на Доц. Д.р Никола Митровиќ.
Низ овој своевиден времеплов за првпат се дава приказ на историски текови кои го отсликуваат развојот на Охрид за период од 300 години па до денес, а во кој се презентираат историски факти за технолошките, научните, економските, урбанистичките и културните текови и промени кои низ вековите се случувале во Охрид, а го менувале животот во градот, неговиот изглед и општеството.
– Идејата за Охрид од понапред до денес ја имав подолго време. Како историчар сум работел на повеќе дела било да се пишани или документарни емисии во кои се презентираше славното минато на нашиот народ низ воковната и крвава борба за независност, самобитност и опстојување. Овој пат одиме од страната на промените и просперитетот кои се случувале во Охрид во минатите 100, 200 па дури и 300 години наназат. Низ серијалот во 20 епизоди ќе се опфатат процесите како што е електрификацијата на Охрид и промените кои во животот таа ги донела, појавата на туризмот во градот со детални податоци кои биле првите туристи и колку биле тие и временски трансфер до денешното време кога Охрид е позната дестинација во светски рамки. Потоа ќе ја опфатиме медицината, од цкрвите Болнички, па се до денешните модерни болници, приказната за аеродромот во Охрид и неговиот почеток и развој, урбанизирањето на градот, архитектурата, арехологијата.. Со еден збор низ еден времеплов, заснован на официјални податоци, историски факти и вистини поврзани со развојот на Охрид ќе дадеме визуелен приказ за растот и развојот на градот низ период од неколку векови, кога во него се случувале бурни промени, поминале двете балкански и двете светски војни, а тој опстојал и одел напред, вели авторот Митровиќ.
Емисиите ги режира младиот Борче Димоски кој иако првпат работи на документарна серија, вели дека ќе се креира светски производ.
– Ова е прв мој видео документарен проект кој го работам со Еден Продукција. На проектот работиме мала екипа, но сигурени сме дека продукцискиот производ ќе биде со светски квалитет. Се снима на неколку локации во Охрид, од централното подрачје, до Наколната населба, аеродромот, болниците… Користиме најмодерна опрема за снимање од земја и воздух и гледачите може да очекуваат технички врвна видео документарна серија, каква што досега нема снимено ни една охридска продукција – вели режисерот на серијалот Борче Димоски.
Серијалот ќе почне да се емитува на интернет порталот Охрид1 и Регионална О2 од почетокот на март. (Крај)
извор: Охрид 1 фото: Охрид 1