Скопје, 21. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Стевчо Јакимовски го прифати предлогот на неговата матична партија ГРОМ и актуелниот градоначалник на општина Карпош ќе се кандидира за претседател на Република Македонија.
– ГРОМ одлучи да ме предложи за кандидат за претседател на Македонија, изјави Јакимовски по седницата на Централниот одбор на партијата.
Изборната кампања за парламентраните избори закажани за 8. мај годинава, започнува на 18. април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 6. мај, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Според роковникот што го усвои ДИК, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.
Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите, најдоцна на 2. мај до 24:00 часот. Учесниците на изборите, листите со кандидат/и за пратеници треба да ги достават до ДИК најдоцна на 2. април, до 24:00 часот, 35 дена пред денот на одржување на изборите.
Ждрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за пратеници ДИК ќе ја одржи најдоцна на 13. април.
Јавниот увид во Ибирачкиот список започнува 28. февруари, а ќе трае до 18. март во 24:00 часот, до кога ќе можат да се поднесуваат и барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива