Охрид, 6. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот стендап комичар Никола Тодороски, на 9-ти февруари, четврток, ќе гостува во „Мезе бар 10“.
Никола ќе се претстави со нов материјал, специјално подготвен за оваа пригода.
Шоуто на Никола Тодороски во „Мезе бар 10“ започнува во 21 часот.
Влезниците чинат 150 денари, а на денот на настанот 200 денари. Организаторите ги информираат заинтересираните посетители местата за настанот ќе бидат ограничени. Додека, препорачана возраст за следење на скечевите, е 16 години. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17