февруари 20, 2020

Охрид, 20. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридската компанија ЛТХ „Леарница“ доби награда од Стопанската комора на Македонија како компанија која имаат извоз со висок степен на финализација на производите.

Наградата беше доделена на манифестацијата за одбележување на деведесет и осум годишнината на Комората, на која се доделија награди и признанија на реномирани компании-членки кои со своите активности ја обележаа 2019 година и кои долги години придонесуваат за коморското работење и за развојот на македонското стопанство.

Доделувајќи ги наградите и признанијата, македонскиот премиер, Оливер Спасовски пред присутните истакна дека коморската манифестација сведочи за долгата традиција и улогата на бизнис асоцијацијата како претставник и глас на стопанството. Комората конитнуирано дава огромен придонес за равојот на македонското стопанство преку заштита и афирмација на интересите на нејзините членки, активно вклучување во едукација и реформи на образовниот систем, развој и афирмација на стопанските потенцијали.

Покрај ЛТХ „Леарница“, награда доби и охридскиот опинчар Крсте Ѓорѓи Белев за историски и трајни вредности. Од далечната 1946 година со своето постоење покажува дека успева да се справи со сите промени и движења во стопанството, стои во описот на оваа награда. (Крај)

извор: faktor.mk фото: faktor.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука