септември 9, 2017

Охрид, 9. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во моментов на територијата на нашата држава ниту поминуваат бегалци, а најодговорно изјавуваме дека ниту некој ќе гради станови за бегалците, рече координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски, на ден пред седницатана градскиот совет, каде треба да се произнесат за предлог одлуката за распишување на референдум на локално ниво против градење на станови за бегалци.

– Станови ќе има, меѓутоа ќе има за македонските граѓани кои што се социјални случаи, а не за некакви измислени бегалци. Меѓутоа доколку се донесе одлука во секоја општина да се спроведе референдум, со оглед на тоа дека мнозинството советници е на страната на ВМРО ДПМНЕ, ние како СДСМ ќе го повикаме членството и граѓаните да гласаат против наводната одлука за градење станови за бегалци, рече Стојаноски.

Според него, правото на граѓаните за организирање на референдум е неприкосновено, меѓутоа истото треба да се користи за прашања кои се клучни за граѓаните, а не за лажни и бесмислени теми. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука