Плевља, 21. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Атлетичарот на АК „Охрид“ Јован Стојоски ја продолжи серијата фантастични резултати.
Викендов учествуваше на вториот меѓународен атлетски митинг во Плевља, Црна Гора и освои два златни медали, а постави и нов рекорд на митингот на трката од 400 метри. На трката од 100 метри постигна време од 11,06 секунди, а на 400 метри 47,17 секунди.
Претходно Стојоски освои три медали на 8-то Европско првенство во атлетика, трета лига што се одржа во Скопје. Учествуваше во три дисциплини и една штафета освои вкупно 39,25 бодови, односно повеќе од половина од бодовите што ги постигна неговиот матичен клуб.
Следен предизвик за Јован е Балканското првенство во Бугарија кое ќе се одржи на 2-ри и 3-ти септември. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Јован Стојоски