Белчишта, 28. октомври 2021 (ОХРИДПРЕС) – Влегуваме во финалните денови од трката за Градоначалник на општина Дебрца. Во недела, на 31 октомври Вие ја носите конечната одлука. Вие кои најдобро знаете што и треба на Дебрца, Вие кои секојдневно тука живеете, творите и се борите, граѓаните на општина Дебрца, порача во дописот до медиумите претседателот на ОО на СДСМ од Дебрца Благојче Стојчески.
– Ајде да си направиме услуга и да го избереме најдоброто за нас, за нашата иднина. Ајде да застанеме на вистинската страна. Приклучете ни се сите, и стари и млади, и од горна и долна Дебрца и мажи и жени, и определени и неопределени. На сите ни е потребно да одиме напред. Изборот ни е едноставен. Успехот ни е загарантиран, затоа што на наша страна имаме човек кој сите ќе не направи горди и нема да се покаеме за изборот. Игор Крцоски е стабилен човек. Некој кој постепено и со многу макотрпна работа и труд оди по својата патека и се искачуваше во своите скалила, без никакви скршнувања и изненадувања. Лојалноста, искреноста и преданоста на своите граѓани се неговите најсилни особини. Со Игор знаете на што сте, затоа што тој никогаш не го изневерил својот збор. Од другата страна не стои тим. Стои човек, кој менува тимови. Некој кој си ја сака функцијата повеќе од општината. Не може да ја дадете својата доверба, на човек кој во ништо не верува и не одбира средства за да се задржи себе на позиција, за која никој не е предодреден. Функционерите се менуваат, но идеологијата е вечна. А нашата идеологија е еднакви можности за сите. Еднаков пристап кон сите. Еднаква посветеност кон сите. Да не дозволиме да бидеме во рацете на човек, кој преку ноќ може да се предомисли, и човек со кој доколку не го делите истото мислење веднаш станувате негов непријател. Да зачекориме кон иднината, а партиските игри и пресметки да ги оставиме во минатото, на оние кои играат со сите, и на крај ги предаваат сите, само со цел да се одржат на врвот. На овие избори нема две спротиставени страни. Имаме само еден избор, и тоа е најдобриот избор за сите нас, кои имаме шанса да се обединиме и да постигнеме заеднички успех. Да застанеме зад нашата сигурна и единствена опција, во што поголем број, а потоа со заеднички сили да остваруваме се поголеми успеси, за нашата Дебрца. Манце за Дебрца – цела Дебрца за Манце, порача Стојчески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива