Охрид, 5. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на патот Охрид-Скопје се одвива отежнато поради врнежите од снег кои се задржуваат на коловозот.
Читатели на OhridPress испратија фотографии направени вечерва, нешто по 18:00 часот од преминот „Стража“ на кои се гледа дека има снег на коловозот и дека сообраќајот се одвива тешко и отежнато. Велат дека на патот има снег, но дека е прооден.
Попладнево беше воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин „Стража“, како и на патниот правец крак Маврово-Дебар.
На патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот превој „Пресека“, од 15:45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Велимир Џамто