Охрид, 5. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на овој месец, претставници од УНЕСКО ќе го разгледуваат извештајот за статусот и за преземените чекори по утврдената потенцијална опасност за природните и културните добра на охридскиот регион.
Претходно, домашни експерти вршеа мониторинг на состојбата со нивото и загадувањето на Охридското Езеро. Се стравува дека можно е охридскиот регион да се најде на листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО.
Како причина се наведуваат плановите за изградба ски-центар на Галичица, патот над Пештани, железничкиот коридор VIII, и изградбата на хотел во заштитениот зелен појас во населбата Лагадин. (Крај)
извор: Мета фото: ОхридПрес
Прочитано: 41