News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 4, 2024

Охрид, 4. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – По основањето на Советот за женско претприеништво во февруари 2023 година, Општина Охрид е прва општина во регионот која изработи и усвои Стратегија за развој на женско претприемништвo во Општина Охрид 2024-2029.

Општина Охрид во рамки на проектот финасиран од Европската унија „Национална платформа за женско претприемништво“ преку секторот за туризам и локален економски развој иницира и поддржа креирање на документ за развој на локални политики од областа на женско претприемништво.

Стратегијата за развој на женско претприемништво е документ кој е усогласен со веќе усвоените национални политики за поддршка и развој на женското претприемништво и проилзеле како резултат на континуираните заложби на општина Охрид за креирање на мерки и активности кои би довеле по поголема вклученост на жените на пазарот на трудот.

Стратегијата за развој на женското претприемиштво во Општина Охрид има за цел економското јакнење на жените преку создавање на поволна бизнис клима и обезбедување поддршка за развој на нивниот претприемнички потенцијал со што ќе се придонесе кон развојот на постоечките и отворање на нови претпријатија, креирање на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија во општината. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука