Охрид, 6. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Стримувањето на drum ‘n’ bass музика во Велика Британија порасна за 94% од 2021 година, покажуваат резултатите од новиот извештај на Spotify.
Според платформата, првите 10 најслушани уметници се Chase & Status, Rudimental, Bou, goddard., Sub Focus, Charlotte Plank, Skepsis, Hybrid Minds, SHY FX и Nia Archives.
Слушателите се претежно помлади луѓе кои се заинтересирале за жанрот. 68% од нив се помлади од 34 години.
Покрај тоа, Spotify најави нов мини-документарен филм за drum ‘n’ bass музиката, „DnB: In for Life“. за кој велат дека е „љубовно писмо до светската d’n’b сцена“. Во филмот се појавуваат Charlie Tee, Flight, Kanine, S.P.Y, Sota и Songer, кои зборуваат за историјата на растот на жанрот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива