Струга, 31. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Идната сабота 9-ти септември, во Струга ќе се одржи првата работилница за развивање на креативни бизнис идеи.
Работилницата е во рамки на проектот „Создавање на претприемачки вештини и креативни бизнис идеи кај младите“ во склоп на Проектот на УСАИД за Граѓанско учество.
Преку оваа работилница младите ќе се обучат како да создаваат креативни бизнис идеи и истите да ги спроведуват во пракса и да ги преточат во можности за основување бизнис.
Обуката ќе биде спроведена според познатата ЦЕФЕ методологија од страна на реномираниот обучувач Јован Сталевски, воедно и претседател на ЦЕФЕ Македонија. На учесниците ќе им бидат доделени и сертификати за учество.
Работилницата, која ќе се одржува во хотелот „Дрим“ е отворена за млади од 18 до 25 години и бројот на учесници е ограничен. На работилницата ќе се работи со практични примери и идејата која ќе се развива за време на работилниците на крај ќе може да се презентира како бизнис план.
Пријавувањето ќе биде отворено до вторник, 5-ти септември до 16:00 часот. Избраните кандидати ќе бидат известени по два дена за времето на одржување на работилницата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива