News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
март 5, 2024

Струга, 5. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Настани случени на територијата на Општина Струга во текот на минатата година, доминираат во денешното издание на Билтенот на МВР.

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 45-годишна скопјанка. Таа, во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување, по што ги искористила нивните податоци и во нивно име извршила електронско аплицирање за брзи кредити. Одобрените пари, потоа ги префрлала на друга трансакциска сметка и ги користела за свои потреби. На тој начин пријавената се стекнала со имотна корист од 319.706 денари.

На 5-ти март 2024 година, во 05:30 часот во ОВР Струга е пријавено дека патничко возило марка „Форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 43-годишно лице од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро. Повредени лица нема, а по извршениот увид возилото е извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 5-ти март 2024 година, во 00:10 часот, во полициското одделение во струшкото село Велешта е пријавено дека на 4-ти март 2024 година, на локален пат во село Лабуништа, две лица, сопреле возило марка „Цитроен“ на брза пошта со кавадаречки регистарски ознаки и со закана, од возачот одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука