News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 21, 2024

Струга/Охрид, 21. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Настаните случени на територијата на Струга и Охрид доминираат во денешното издание на Билтенот на МВР.

На 20-ти ноември 2024 година, во 18:45 часот на улицата „15-ти Корпус“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга од слобода лишија 18-годишно лице од Струга, кај кое била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од селото Горно Јаболчиште, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. При преглед, извршен на улица „27-ми Март“ во Струга, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга пронајдоа и одзедоа марихуана.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 20-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед, извршен на улицата „15-ти Корпус“ во Струга, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 56-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При обид за легитимирање, тој пред полициските службеници фрлил пакување со остатоци од кокаин и хероин. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука