јули 4, 2019

Охрид, 4. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, Полициската станица од Струга, до надлежното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 19-годишниот М.Е. и 38-годишниот Г.М., двајцата од струшкото село Радолишта, како и против 25-годишниот А.Т. од Охрид.

– На 24-ти јуни 2019 година, на паркинг на улицата „Маршал Тито“ во Струга, физички го нападнале 27-годишниот Д.А. од Струга и со тврд предмет го оштетиле неговото патничко возило, информираат од СВР Охрид.

Во друг случај, на втори јули 2019 година, околу 11:30 часот, во Полициската станица во Струга било пријавено дека на улицата „ЈНА“ во Струга бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на 33-годишниот А.Р. од струшкото село Велешта врз 30-годишниот А.И. од селото Радолишта. Напаѓачот е повикан во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука