јули 17, 2019

Струга, 17. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 16-ти јули 2019 година, во 17:30 часот, полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории кои ги користи 31-годишниот Е.Р. на ул. „Маршал Тито“ во Струга.

При претресот била пронајдена и одземена дрога хероин. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во друг случај, истиот ден, на 16-ти јули 2019 година, во 21:20 часот на регионалниот пат Струга-село Радожда, полициски службеници запреле патничко возило „Фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 21-годишниот Д.Б. од струшкото село Велешта, во кое како сопатник бил и 19-годишниот А.О. од селото Биџево.

При преглед на А.О., во неговиот ранец, биле пронајдени и одземени кеси со марихуана и кеса со прашкаста материја. А.О. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука