Струга, 11. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Струга повторно доминира во полицискиот билтен, откако деновиве биле регистрирани повеќе нарушувања на јавниот ред и мир.
На 10.08.2019 година, во 00:30 часот на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со карање, викање и сериозни закани упатени од А.М(21) кон А.И., негова невенчана сопруга. Против сторителот, согласно одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.08.2019 година, околу 23:30 часот, од неговиот дом во струшкото село Боровец, во полициска станица Струга, приведен е Н.С.(50). Тој, при семејна веселба, го нарушил јавниот ред и мир со неовластено пукање од огнено оружје пиштол, што легално го поседувал. Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против Н.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 09.08.2019 година, околу 23:30 часот, од неговиот дом во струшкото село Боровец, во полициска станица Струга, приведен е Н.С.(50). Тој, при семејна веселба, го нарушил јавниот ред и мир со пукање од пиштол, што легално го поседувал. Пиштолот е одземен и по целосно документирање на случајот, против Н.С. ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива