Струга, 14. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Настаните случени на територија на Општина Струга доминираат во денешниот Полициски Билтен: Пронајдена дрога, приведени лица за извршување затворски казни…
На 13-ти јули 2024 година, во 11:50 часот во ОВР Струга, врз основа на распишана меѓународна потерница, задржано е 53-годишно лице од Тирана, Република Албанија. Него, од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд во Струга, изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е префрлен во Казнено-поправната установа „Затвор – Охрид“.
На 13-ти јули 2024 година, на улицата „15-ти Корпус“ во Струга, приведено е 21-годишно лице од Струга. При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13-ти јули 2024 година, во 00:50 часот, на улицата „15-ти Корпус“ во Струга, приведен е 20-годишен стружанец. При извршен преглед, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, кај него пронајдоа и одзедоа четири паковки со марихуана. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13-ти јули 2024 година, во 09:10 часот на Граничниот премин „Ќафасан“, на влез во државата, полициски службеници лишија од слобида 53-годишно лице од Тирана, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол од Република Грција. Тој бил предаден на полициски службеници при ОВР Струга за понатамошна постапка. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес