јули 6, 2017

Струга, 6. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Животот во Струга повторно станува неподнослив за граѓаните, но и за многубројните гости поради чадот од депонијата која повторно гори.

Погледнете неколку фотографии направени утрово во Струга.

strugacad2 strugacad3 strugacad4 strugacad5Група граѓани, незадоволни поради нерешавањето на проблемот со депонијата, која одново се запали и ги труе стружани, синоќа фрлаа ѓубре пред здрадата општината во Струга.

– Ако не се дислоцира депонијата и не се реши овој проблем во најскоро време, ќе превземеме порадикални мерки. Ќе излеземе на нови протести и ќе ги блокираме патиштата, изјавија присутни граѓани.

Тие додаваат дека овој проблем е присутен години наназад, а некој профитира од тоа и си игра со нивното здравје. Стружани изјавија дека нема да престанат со притисокот додека не се најде решение за проблемот со депонијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука