Струга, 3. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“, „тешка кражба во обид“ и „кражба“, криминалистичката полиција од Струга поднесе кривична пријава против 31-годишниот стружанец О.Н.
Пријавениот, делата ги извршил во текот на минатиот месец, информираат од МВР.
Тој насилно влегол во куќа во Струга, во паркирани товарни моторни возила и работни машини паркирани во кругот на фабрика за плочки во атар на селото Радолишта и во киоск за пецива лоциран во кругот на општинското средно училиште „Ибраим Темо“.
При извршување на делата тој користел алат и физичка сила. Успеал да одземе шест акумулатори од возилата и дел од инвентарот во киоскот за пецива. Полициски службеници го забележале во момент на извршување на кражбата во киоскот и веднаш го привеле во полициската станица. (Крај)
извор: МВР фото: архива