70-годишниот Н.М., жител на струшкото село Мислодежда, синоќа заѕвонил на вратата од станот на 39-годишниот А.Н. на улицата „Ристо Крле“, по што Н.М. веднаш во него вперил пиштол „Црвена Застава М-57“ калибар 7.62 мм, кој го поседувал со дозвола, го турнал внатре и низ собите почнал да ја бара Ѓ.П.Н., која живее во истиот стан.
Н.М. се заканувал дека ќе ги убие ако не му врати 500 евра кои му биле украдени од станот. Откако се уверил дека жената која ја барал не е во станот, се заканил дека кога ќе ја види ќе ја убие.
Од страна на полициски службеник од Полициската станица Струга Н.М. е пронајден, лишен од слобода и по целосно расчистување против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Супер радио/МВР
Прочитано: 46