Скопје/Струга, 3. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Вчера, во 16:48 часот во СВР Скопје било пријавено дека во мотел на подрачјето на општина Ѓорче Петров бил пронајден починат 48-годишниот С.И. од Струга.
– Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт, а од страна на екипа од ЕНК ОКСД и од ЕУМНА бил извршен увид. За случајот е известен надлежен Јавен обвинител и по негови насоки телото на починатиот било предадено на обдукција, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 324