Струга, 6. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници, синоќа околу 22:15 часот, на улицата „Вељко Влаховиќ“ во Струга сопреле патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со охридски регистерски ознаки, управувано од страна на 20-годишниот Ј.Т. од Струга.
Во возилото била пронајдена кеса со 15 мали најлонски паковки со непозната зелена тревкаста материја и една хартиена паковка со непозната зелена тревкаста материја во паричникот на Ј.Т.
Од страна на увидна екипа од Полициската станица од Струга било извршено фотографирање и истите биле подигнати за понатамошна постапка, а лицето било приведено. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по добиена судска наредба од Основен Суд Струга, извршен е претрес во домот и помошните пристории на Ј.Т.
По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)
извор: МВР фото: архива