Струга, 1. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 38-годишно лице од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“.
– На 16-ти февруари 2024 година, пријавениот оштетил дел од инвентарот во хируршкото одделение при Општата болница во Струга и агресивно се однесувал кон еден вработен, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 24