Струга, 13. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти октомври во 20:36 часот во Полициската станица Струга, лицето А.А. пријавило дека на ул.„Маршал Тито“, во куќата сопственост на неговиот татко Ш.А. (61), истиот ден во периодот од 18:00 до 20:00 часот, непознат сторител извршил тешка кражба.
Сторителот насилно отворил еден од прозорците, влегол внатре и одзел 3000 евра, 12.000 денари и разновиден златен накит, по што го напуштил местото.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 22